Челси одблизу ја мониторира ситуацијата со Обамејанг, Габонецот е алтернатива за Дембеле

by
2 минути читање

Челси одблизу ја
мониторира ситуацијата со напаѓачот на Арсенал, 30 годишниот Пјер-Емерик
Обамејанг, чиј договор со клубот истекува идната година, а нема никакви
позитивни сигнали во преговорите за продолжување на соработката помеѓу обете
страни.

„Дејли Мејл“
извести дека во Арсенал веќе се свесни дека Габонецот посакува повисока плата
од моменталната (200,000 фунти неделно), но и дека тој сака Лига на шампиони,
но јасно е дека кризата со коронавирусот му донесе дополнителен проблем на
Арсенал во било каков обид за продолжување на соработката со Обамејанг.

„ЕСПН“ базирајќи
на свои извори тврди дека Челси сериозно се замеша во трката за Обамејанг, „Сините“
од Лондон првично го идентификуваа Муса Дембеле од Лион како нивен примарен
таргет, а на списокот на желби тука е воедно и напаѓачот на Лајпциг, Тимо
Вернер.

Како и да е, „ЕСПН“
додава дека Обамејанг е доста сериозна алтернативна опција, а не е познато
какво би било расположението во Арсенал при официјален обид на градскиот ривал
од Лондон, Челси, да преговара со Обамејанг за трансфер.

Јасен е големиот
интерес за Вернер, па повеќемина веќе на големо го поврзуваат со трансфер во
Ливерпул, па од тука, се префрламе на Дембеле, за кого Лион наводно е подготвен
да разгледува понуди во висина од над 70 милиони фунти, од друга страна пак, седум
години постариот Обамејанг на трансфер пазарот би имал вредност од
околу 40-50 милиони фунти ова лето, поради ситуацијата со неговиот договор со Арсенал.

Обамејанг е алтернативна опција која во Челси сериозно ја разгледуваат, но јасно е дека Габонецот нема да се откаже од барањата за поголема плата, а како за илустрација, во моментов Дембеле има неделна плата во Лион во висина од 80,000 фунти.

Едно е сигурно,
не изненадува воопшто фактот што многу медиуми го поврзуваат Челси со неколку
звучни фудбалски имиња, меѓу последните на таа листа се најде дури и Филипе
Кутињо, а тоа доаѓа по „замрзнатите“ активности на клубот од Лондон извесен
период на трансфер пазарот, по што сега имаат богата каса и покрај кризата со
коронавирусот, криза од која Челси сигурно ќе извлече голема корист во однос на
останатите ривали.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×