Се работи за Раџа Наинголан со кој Челси се поврзуваше и минатата сезона и дефанзивецот Антонио Рудигер.
Иако сезоната се одвива одлично, Челси е на прагот да ја освои Премиерлигата, Антонио Конте сака сериозно да се засили бидејќи наредната сезона ќе има повеќе силни натпревар откако сините ќе се вратат во Лигата на шампионите.
Раџа Наинголан открива дека разговарал со Конте и не ја отфрла можноста да се пресели во Челси.
„Да, зборував со Конте, тие навистина се заинтересирани за мене. Многу мои колеги од репрезентацијата играат во Англија, тоа е најдобрата лига во светот, кога ќе почне преодниот рок повторно ќе разговараме“ – вели Наинголан.
На мета на Челси е и германскиот дефанзивец Антонио Рудигер.
Клубот е подготвен за овие двајца фудбалери да понуди вкупна сума од 70 милиони фунти.