Челси со 7-1 го победи Гримсби. Лампард извади променет тим на теренот, но тој перфектно си ја заврши работата.
Два гола даде Батшуаи, по еднаш погодија Баркли, Педро, Зума, Џејмс и Ходсон Одои.
Манчестер јунајтед со големи маки го помина третолигашот Роџдеил. Гринвуд го даде голот во регуларниот дел, но гостите го израмнија резултатот во финишот.
Во пенал серијата Јунајтед беше пефректен, головите ги дадоа Мата, Переира, Фред, Гринвуд и Џејмс. Ромеро одбрани еден удар и фаворитот се спаси.
Изненадувањето го направи Оксфорд кој не само што го победи Вест Хем, туку тоа го направи со 4-0.
Ливерпул со голови на Милнер и Хевр победи на гостувањето кај Милтон Кејнс.
И Шефилд јунајтед од Премиерлигашите го заврши натпреварувањето откако на свој терен беше поразен од Сандерленд со 1-0.
Волвс на пенали го елиминираше Рединг, мечот во регуларниот дел беше 1-1.
Астон Вила со 3-1 победи кај Брајтон, Бартон со 2-0 го совлада Борнмут.