Долго време се
веруваше дека Ромелу Лукаку е на чекор до враќње на Стемфорд Бриџ, но вчера се
случи голем пресврт.
Манчестер
јунајтед за кратко време се договори со Евертон и Мурињо му го украде напаѓачот
на Конте.
Сепак, шампионот
на Англија не губи надеж и верува дека може да ја добие битката за потписот на Белгијанецот.
Вечерва се појавија голем број на стории кои велат
дека Челси ја изедначил понудата на „Црвените Ѓаволи“.
„Сините“ го
известиле Евертон дека се подготвени да платат исто колку и Манчестер јунајтед,
односно 75 милиони фунти.
Но Челси нема
намера да ја плати провизијата која Манчестер јунајтед му ја има ветено на Мино
Рајола, кој е главен виновник за вчерашниот развој на настаните.
Клубот од
Стемфорд Бриџ се надева дека самиот Ромелу Лукаку ќе го стави сопствениот
интерес пред оној на агентот и ќе одбере да се врати во Лондон.