„Сините“
дозволија Манчестер јунајтед да им го украде Ромелу Лукаку, а „Црвените Ѓаволи“
потоа се обидоа на Челси да му ги поматат плановите и за Тимуе Бакајоко.
Клубот од
Стемфорд Бриџ со месеци разговараше со Монако, и Манчестер јунајтед се обиде да
го искористи спориот прогрес на преговорите, но играчот сепак ќе се пресели во
Лондон.
„Тимуе Бакајоко е
нов играч на Челси откако денеска го комплетираше трансферот од Монако” – гласеше известувањето.
„Тој стави потпис
на пет годишен договор”.
За новата
авантура, 22 годишниот Французин рече: „Среќен сум што пристигнав тука, се
работи за голем клуб. Пораснав гледајќи го Челси”.
„Па нормално беше
да потпишам, уште од дете го обожавам овој клуб”.
„Сега со
нетрпение чекам да работам под водство на овој фантастичен тренер и да играм покрај
големиот број на одлични фудбалери”.
Детали од зделката не се откриваат, според медиумите, Челси ќе плати 40 милиони фунти (околу 45 милиони евра).