Челси навива Потер да стане нов селектор на Англија, ќе заштедат милиони

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Дејли Мејл, Челси продолжува да му плаќа 200.000 фунти неделно на Грем Потер, па се надева дека стратегот ќе стане нов селектор на Англија и тие ќе заштедат милионска сума.

По новиот неуспех на Англија и поразот од Шпанија во финалето на ЕВРО 2024, Герет Саутгејт реши да си поднесе оставка.

Медиумите веднаш почнаа да шпекулираат со потенцијалните наследници, и едно од имињата на листата со желби на ФА е Грем Потер.

Како што пренесува Дејли Мејл, Челси особено навива за една ваква зделка.

Имено, „сините“ и понатаму го имаат Грем Потер на платен список, секој недела му исплаќаат 200.000 фунти и исплатите ќе продолжат до октомври месец.

Па доколку Грем Потер стане нов селектор на Англија, клубот од Стемфорд Бриџ ќе заштеди милионска сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани