Челси на Астон Вила и нуди нова голема трампа за еден од хероите на Англија

by bojan
1 минути читање
Воткинс

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Челси на Астон Вила и нуди нова трампа, односно Конор Галагер плус пари за Оли Воткинс.

Челси и Астон Вила веќе соработуваа летово, на Стемфорд Бриџ пристигна Омари Келимен за 19 милиони фунти, а на Вила Парк се пресели Иан Матсен за 37,5 милиони фунти.

Медиумите од „одстровото сега пренесуваат дека „сините“ предлагаат нова трампа, која ќе биде значително поголема.

Челси е подготвен во Астон Вила да го испрати Конор Галагер, плус да плати одредена сума на пари, за да го добие Оли Воткинс.

Минатата сезона беше најдобра во кариерата на напаѓачот, постигна 27 погодоци и забележа 13 асистенции во сите натпреварувања во дресот на Астон Вила.

Пред неколку дена стана и херој на Англија, откако влезе од клупата и постигна гол во 91. минута за победа над Холандија и пласман во финале на Европското првенство.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани