Челси купи италијански дефанзивец во последните моменти од преодниот рок

by
1 минути читање

Челси не може да се пофали со добар преоден рок, за 48 часа дури тројца фудбалери ги одбија, а најинтересен беше случајот со Баркли од Евертон кој се предомисли за време на медицинските тестови.

Сепак, Челси успеа да купи фудбалер во последен момент, станува збор за десниот бек Давиде Запакоста кој доаѓа од Торино.

„Го комплетиравме трансферот на Давиде Запакоста од Торино. 25-годишниот фудбалер може да игра како бек или по целата странична позиција, има и настап за италијанската репрезентација. Потпиша четиригодишен договор“ – стои во соопштението на Челси.

Запакоста кој сепак не е познато фудбалско име, е пресреќен што се сели во Челси.

„Ова е остварување на сонот за мене, да дојдам во Челси и да играм во Премиерлигата. Многу сум возбуден што сум тука и едвај чекам да почнам да работам со тимот. Се надевам дека ќе го покажам мојот квалитет на тренерот, соиграчите и навивачите“ – изјави Запакоста.

Техничкиот директор на Челси, Мајл Еменало вели дека подолго време го следеле Запакоста.

„Давиде е фудбалер од репрезентативен калибар кој Антонио Конте многу добро го познава и некое време го следевме. Задоволни сме што успеавме да го донесеме во клубот и веруваме дека ќе биде значаен член на составот“ – вели Еменало.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани