Кепа Аризабалага се сели во Борнмут, голманот стави потпис на нов договор со Челси до 2026 и беше испратен на позајмица во редовите на „црешите“.
Борнмут ова лето се обида да ангажира нов голман, и вмеша прсти во трансферот на Георги Мамардашвили од Валенсија во Ливерпул.
Попларните „цреши“ се обидоа да го добијат Грузиецот на позајмица, но сето ова падна во вода откако голманот изрази желба позајмицата да ја одработи на Местаља, потег што му ги помати сметите и на нашиот Столе Димитриевски.
Сепак, Брнмут во последните 48 часа од преодниот рок успеа да ангажира нов голман и ги обезбеди услугите на Кепа Аризабалага.
Челси колку толку ја заштити инвестицијата од 80 милиони фунти во најскапиот голман и му го продолжи договорот до 2026, па го испрати Шпанецот на позајмица.
Тоа значи дека нема да го изгубат беспари следното лето, и ќе можат да приберат неколку милиони за конечна разделба.