Нголо Канте е екстремно важен фудбалер кој не се гледа многу на теренот и понекогаш поминува незабележано поради тоа што не дава голови, ниту создава асистенции.
Но Французинот е можеби најдобриот дефанзивец во средниот ред на теренот во светот во моментов, тој е задолжен за деструкција на противничките напади и тоа го прави феноменално.
За кратко време освои две титули во Премиерлигата, една со Лестер, втората со Челси и стана светски шампион со Франција.
Интерес за него има од ПСЖ, Барселона и Реал Мадрид. За да го направи недостапен за другите, Челси ќе му понуди нов петгодишен договор со неделна плата од околу 290.000 фунти.
Тој би бил поплатен дури и од Еден Азар кој во моментов добива 220.000 неделно. Но се очекува наскоро и Белгиецот да добие нов договор со поголема плата бидејќи и тој е баран на трансфер пазарот.