Челси ја научи лекцијата со Лукаку, тимот од Лондон се корегира за трансферите на Траоре и Аке

by
3 минути читање

Тимот од Лондон повлече
многу лош потег со 24 годишниот напаѓач откако во 2014. година целосно му го
отстапи на Евертон за сума од 35 милиони евра. Моментално Лукаку на трансфер
пазарот има вредност од 50 милиони евра, Челси пријави интерес за да го врати
во своите редови, но екипата од Ливерпул даде мошне јасен одговор на оваа тема –
напаѓачот вреди 100 милиони евра.

Тешко дека Челси
ќе се реши да ја издвои бараната сума од Евертон кој е во одлична позиција за
преговори со својот напаѓач кој пред извесен период најави дека е можно летово
да го напушти тимот бидејќи сака да освојува титули, воедно да биде дел од
Лигата на шампионите.

Лукаку има
важечки договор со „Карамелите“ до 2019. година, па сосема реално е да се
очекува Евертон да добие одлична понуда од заинтересираните клубови за
фудбалерот чиј застапник на менаџерска основа е токму, Мино Рајола,
контроверзниот агент кој крена голема прашина во фудбалска Европа по случајот
со Џанлуиџи Донарума изминатиов период.

Челси во повеќе
наврати изминатиот период правеше „бај бек“ клаузули во договорите на своите
фудбалери за кои клубот ќе има шанса да ги вратата назад во тимот, по цена
која тие ја одредуваат.

21 годишниот
напаѓач од Буркина Фасо, Бертранд Траоре ги засили редовите на францускиот
прволигаш Лион, откако Челси се согласи да го продаде за 20 милиони евра.
Траоре имаше и повеќе од успешна сезона во тимот на Ајакс каде настапуваше како
позајмен фудбалер.

Натан Аке, 22
годишниот репрезентативец на Холандија кој минатата сезона настапуваше како
позајмен во редовите на премиерлигашот Бурнемаут, летово му истече позајмицата,
за него се шпекулира дека Бурнемаут може да издвои 25 милиони евра за да го
добие во своите редови и да го откупи неговиот договор.

И во двата
претходни наведени случаи Челси настапува со „бај бек“ клаузула во договорите
на своите фудбалери, по кои во иднина ќе може да ги врати во своите редови, се
разбира, доколку е заинтересиран, но по цена која тој ја одредува во договорот.

Што се однесува пак до идните потези на тимот од Лондон на трансфер пазарот, се шпекулира дека е се блиску до реализација на трансферот на 22 годишниот фудбалер од средниот ред
на Монако, интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска, Тимуе Бакајоко, за
сума од околу 40 милиони евра.

Со ова јасно е
дека српскиот интернационалец Немања Матиќ е на излезна врата од клубот,
за него е се поизвесно дека веќе има договор со големиот ривал на Челси во премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани