Челси го
ангажираше младиот Јими Тауриаинен со кого потпиша тригодишен договор, откако
16 годишниот фудбалер, инаку голема надеж на Финска одби да се пресели во
Италија, каде интерес постоеше од Интер, но и од Јувентус.
16 годишниот
Тауриаинен во Челси доаѓа од редовите на Хелсинки, а официјално, преселбата ќе
се случи на лето, а тој бил на проба во Јувентус и Интер претходно.
Chelsea sign Finnish youngster Jimi Tauriainen after he snubbed Serie A switchhttps://t.co/AQINrSYxPB pic.twitter.com/GB24DHemsq
— Mirror Football (@MirrorFootball) March 10, 2020
Големата надеж на
Финска, чиј татко е поранешен фудбалер, извесен период беше под будно око на скаутите на
повеќе европски гиганти, меѓутоа на крајот одлучи да се приклучи во проектот на
Челси кој е доста надежен, особено се базира на млади и талентирани фудбалери
кои веќе се развиваат во големи ѕвезди, како Тами Абрахам, Мејсон Маунт, Били
Гилмор, односно Фикајо Томори.
Тауриаинен, чиј
брат Џулиус (18) игра за германски Фрајбург, лани импресионираше на „Галини
Светскиот Куп“ во Будимпешта, каде воедно беше избран за играч на турнирот, а
постигна два погодоци во финалето во кое му донесе победа на Хелсинки, исто така
зад своето име запиша и четири погодоци засега во шест настапи за селекцијата
на Финска за фудбалери до 16 години.