Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Челси сака да го намали составот и да ја скрати сметката за плати, па до крајот на летото можат да си заминат дури 12 фудбалери.
„Сините“ ова лето веќе се разделија со шест играчи, Тијаго Силва замина како слободен играч откако не му беше понуден нов договор, Хаким Зијеш беспари беше пуштен во Галатасарај, Омари Хачинсон беше продаден на Ипсвич за околу 20 милиони фунти, Луис Хол направи трансфер во Њукасл вреден околу 27 милиони фунти, а најскапа беше продажбата на Јан Матсен во Астон Вила во зделка вредна околу 37 милиони фунти.
Оваа недела беше раскинат и договорот на Маланг Сар вреден 100.000 фунти неделно, за дефанзивецот беспари да се пресели во Ленс.
До крајот на летото се планирани нови заминување, се шпекулира дека уште 12 имиња ќе го напуштат „Стемфорд Бриџ“.
Ромелу Лукаку е на врвот на листата, заедно со Кепа Аризабалага. На списокот се уште и Тревор Чалоба, Конор Галагер, Ѓорѓе Петровиќ, Бен Чилвел, Армандо Броја, Давид Датро Фофана, Чезаре Касадеи, како и уште неколку млади играчи како Алфи Гилхрист, Андреј Сантош и Лесли Угочукву.