Челси има поволен распоред во следните шест кола, титулата се насмевнува

by
1 минути читање

Челси под водство на Антонио Конте игра фантастична сезона, во моментов е лидер на табелата со девет бодови предност пред второпласираниот Тотенхем.

Гледано на хартија, Челси има многу поволен распоред во наредните шест кола. Му гостува на Барнли, па игра дома со Свонси, оди на гости кај Вест Хем, па го пречекува Ватфорд, гостува кај Стоук и дома со Кристал Палас.

Во првиот дел од сезоната против овие шест противници, единствено со Свонси одигра нерешено, со другите пет славеше победи.

Челси има уште само два натпревари со тимови од првите шест екипи, најмалку од сите конкуренти, треба да игра против двете екипи од Манчестер.

Предност за нив е и неиграњето во Европа, фокусот комплетно можат да го насочат кон Премиерлигата, па се чини дека само чудо може да ги одалечи од трофејот.

Како и да е, битката за првите четири позиции ќе биде супер интересна до самиот крај на сезоната, кои две екипи од Тотенхем, Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Манчестер јунајтед нема да се пласираат во Лигата на шампионите, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани