Челси им се врати на победите, Азар брилијантен против ВБА (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Антонио Конте ќе
преживее уште некој ден на кормилото на Челси, брилијантниот Еден Азар ги врати
„Сините“ на победнички патеки. Белгиецот со два погодока го предводеше својот
тим до триумф од 3-0 над ВБА.

Резултатот беше
отворен во 25. минута, Азар двојно проигра со Жиру и биеше прецизно за 1-0.

Мозес зголеми на
2-0 во 63. минута, една топка случајно дојде до десниот бек кој знаеше како да
ја искористи укажата шанса за 2-0. Еден Азар во 71. минута стави точка на
натпреварот откако по втор пат го матираше Фостер со прецизен удар покрај
стативата.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×