Пријателскиот натпревар помеѓу Челси и Врексам во Калифорнија започна со голема мешаница на теренот откако по само две минути игра, Леви Колвил и Џејмс МекКлин се фатија за гуша.
Контролните натпревари служат за фудбалерите да влезат во посакуваната форма пред почетокот на сезоната, но не сите се штедат, па натпреварот помеѓу Челси и Врексам во Калифорнија донесе голема мешаница по само две минути игра.
A Levi Colwill no le gustó nada esa entrada del jugador del Wrexham, James McClean ¡Se les olvidó que es juego amistoso! pic.twitter.com/0010MulCyU
— ESPN Deportes (@ESPNDeportes) July 25, 2024
Џејмс МекКлин задоцни со еден старт во ситуација кога немаше потреба од груба игра, ова не му се допадна на младиот Леви Колвил, па двајцата се фатија за гуша и почнаа да се туркаат.
Набрзо притрчаа останатите соиграчи и луѓето од персоналот и за кратко време ги смирија страстите.
Пријателскиот натпревар помеѓу Челси и Врексам заврши 2-2, „сините“ во финишот се спасуваа од пораз.