„Сините“ доцна синоќа го потврдија трансферот на Филип Јоргенсен од Виљарел, но веќе утрово се пишува за ангажман на нов голман, младиот Мајк Пендерс од Генк.
Откако Тод Боли го превзеде Челси, „сините“ се еден од најактините клубови на трансфер пазарот, потрошија над 1 милијарда фунти во период од две години, но често се влечат потези кои немаат логика.
Нападот е најслабата карика во тимот, но наместо да се инвестира во голгетер од висока класа, се купуваат многу играчи на позиции кои веќе се добро покриени.
Таков е случајот со голманската позиција, синоќа беше потврден трансферот на Филип Јоргенсен од Виљареал во зделка вредна околу 25 милиони евра.
Filip Jorgensen, our new Blue!pic.twitter.com/QBrqBmfdnK
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 30, 2024
А веќе утрово се пишува за ангажман на нов голман, од Белгија пристигна информација дека практично е договорен трансферот на младиот Мајк Пендерс од Генк.
Челси на Генк ќе му плати околу 20 милиони евра за 19 годишното момче, кое потсеќа на Тибо Куртоа.
„Сините“ во своите редови веќе ги имаат Роберт Санчез, Ѓорге Петровиќ, Кепа Аризабалага и талентираниот Габриел Слонина.