Челси го помина Евертон, Вест Хем со неверојатен пресврт го победи Тотенхем (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Челси со комбиниран тим го совлада Евертон на Стемфорд Бриџ и се пласираше меѓу осумте најдобри во Лига Купот.

Рудигер во 26. минута го отвори мечот. Интересно Челси со 2-0 поведе во 93. минута, а Калверт Левин минута подоцна ги постави конечните 2-1.

Тотенхем со головите на Сисоко и Али водеше 2-0 по првото полувреме со Вест Хем, но во вториот дел се случи чудо.

Ају со два гола донесе брзо изедначување, а Огбона погоди во 70. минута за комплетен пресврт и победа на Вест Хем од 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×