Челси го победи Саутемптон и дојде чекор поблиску до големиот трофеј (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси го продолжува сигурниот од кон трофејот во Премиерлигата, овој пат мета беше Саутемптон кој си заминува со четири гола во својата мрежа.

Резултатот беше отворен уште во петтата минута кога по асистенција од Коста, Азар постигна гол за водство од 1-0.

Саутемптон брзо се врати во игра, во 24. минута поранешниот играч на Челси, Ромеу го изедначува резултатот на 1-1, но пред самиот крај на првото полувреме Кејхил го враќа водството на Челси.

По девет минути игра во вториот дел Диего Коста со глава зголеми на 3-1, тоа беше неговиот 50. гол во Премиерлигата, а во 89. беше стрелец на уште еден погодок за 4-1.

Пред самиот крај на мечот, уште еден поранешен играч на Челси, Бертранд постигнува гол за Саутемптон и ги поставува конечните 4-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани