Челси го отстрани својот капитен од првиот тим!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ објавија дека Челси го известил Конор Галагер дека е отстранет од првиот тим, на овој начин сакаат да извршат пртисок врз Англичанецот.

Челси прифати понуда од Атлетико за трансфер на Коног Галагер вредна нешто под 40 милиони евра, но фудбалерот се уште нема одлучено дали сака трансфер во Мадрид.

Популарните „колчонероси“ немаат намера да чекаат вечно, па побарале од Конор Галагер да даде одговор до крајот на неделата.

Челси не сака да пропадне зделката, па решиле да извршат притисок и да го извести играчот дека е отстранет од првиот тим.

Одредени извори пак пишуваат дека Конор Галагер всушност бил известен дека ќе биде отстранет од тимот доколку не направи трансфер во Атлетико Мадрид, или не стави потпис на нов договор.

Конор Галагер е обврзан до јуни 2025, па Челси не сака беспари да го загуби следното лето.

Англичанецот, кој минатата сезона ја носеше капитенската лента, веќе одби две понуди за проодлжување на верноста. Се верува дека последната понуда, од 2+1 година и понатаму е на маса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани