Челси го комплетираше и трансферот на Дринквотер

by
0 минути читање

Доцна синоќа Челси успеа да ги комплетира трансферите на Дани Дринквотер и Давиде Запакоста.

Дринквотер стави потпис на петгодишен договор со Челси кој плати сума од 35 милиони фунти.

„Среќен сум што ќе бидам играч на Челси и не можам да дочекам да почнам. Долг беше патот до тука но гледам напред да му помогнам на тимот да освои повеќе трофеи“ – изјави Дринквотер за официјалниот сајт на Челси.

Челси во летниот преоден рок се засили со Вили Кабалеро, Антонио Рудигер, Тиему Бакајоко, Алваро Мората, Давиде Закоста и Дани Дринквотер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани