Челси го доби дербито со Сити, Ливерпул продолжува да им дели бодови на малите (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Челси со победа во дербито против Манчестер Сити се извади за киксот во минатото коло против Кристал Палас.

Сините поведоа уште во 10. минута со гол на Азар, но веќе во 26. минута Агуеро го изедначи резултатот на 1-1.

Десет минути подоцна пенал за Челси, Азар најпрво промаши, но веднаш потоа реализираше за конечни 2-1.

Ливерпул е силен кога се дерби пресметките во прашање, но редовно им дели бодови на малите екипи, така беше и сега, одигра само 2-2 против Ливерпул.

Борнмут поведе уште во 7. минута со гол на Афобе, пред крајот на првиот дел Кутињо го изедначи резултатот на 1-1.

По 15. минути игра Ориги погоди за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1, и кога се очекуваше дека ќе освојат нови треи бода, Кинг во 87. минута донесе бод за Борнмут поставувајќи ги конечните 2-2.

Арсенал со убедливи 3-0 го совлада Вест Хем, сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа Озил, Волкот и Жиру.

Интересно беше на дуелот помеѓу Свонси и Тотнем, гостите победија со 3-1, но до 88. минута домаќините водеа со 1-0 со гол на Ратлиџ. Деле Али го изедначи резултатот, Сон во 91. погоди за 2-1, а во 94. минута Ериксен ги постави конечните 3-1 за фаворитот.

Хал оствари важна победа против Мидлсброу во битката за опстанок славејќи со 4-2, Саутемптон го победи Кристал Палас со 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани