Челси е во полуфинале, нов пораз на Мурињо на Стемфорд Бриџ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси и Манчестер јунајтед одиграа уште едно тензично дерби кое го можеше да биде и многу подобро доколку судијата Мајкл Оливер ги оставеше гостите со 11 фудбалери.

Натпреварот тргна рамноправно од двете страни, најпрво нападна Јунајтед, а потоа Челси, но се беше решено во 35. минута кога Андер Ерера, според многумина престрого доби втор жолт картон и исклучување.

По исклучувањето на Ерера, Мурињо направи принудна измена, го повлече Мхитаријан, во игра влезе Фелаини, Челси комплетно ја презема иницијативата и почнаа да се редат нападите кон голот на Де Геа.

По шест минути игра во второто полувреме Нголо Канте со шут од далечина постигна гол кој значеше натпревар на Вембли за Челси.

Во продолжението од мечот Манчестер јунајтед преку Рашфорд имаше фантастична можност за изедначување, но од идеална позиција биеше во Куртоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани