Челси доби голема конкуренција за Алекс Сандро

by
1 минути читање

Бекот од редовите
на италијанскиот шампион Јувентус, Алекс Сандро е еден од најинтересните
фудбалери за повеќето европски гиганти на трансфер пазарот ова лето.

Иако подолг период
се пишуваше дека Сандро е голем пик на Челси, сепак со најновите информации
Бразилецот можеби е поблиску до Париз Сент Жермен.

Вицепрвакот на
Франција наводно е подготвен да издвои 70 милиони евра за да го убеди Јувентус
да даде позитивен одговор на нивниот интерес.

Дека ПСЖ е во подобра
позиција моментално за Сандро, говори фактот што Челси нудеше 50 милиони евра
за бекот, потоа истата понуда ја зголеми на 63 милиони евра, но и тоа не го убеди Јувентус.

Можеби единствена пречка за ПСЖ е тоа што Бразилецот има нескриена желба да
настапува во Премиерлигата, Лига 1 не му е по вкусот, барем според
атрактивноста, ако им се верува на пишувањата на италијанските медиуми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани