Реал Мадрид е во
проблеми, а истото важи секако и за францускиот фудбалски стратег Зинедин
Зидан, кој иако се врати на кормилото на „Кралевите“, не успеа да го угаси
огнот кој од поодамна гори на „Сантијаго Бернабеу“.
„Мундо Депортиво“
пишува дека последната одлука на популарниот „Зизу“ која се однесува на
менаџирањето со тимот донела гневни реакции кај челниците на шпанскиот гигант.
Зидан им даде
слободен ден на фудбалерите вчера, а тоа ги налути челниците на клубот, особено
оваа одлука за нив е несфатлива по дебаклот кај ПСЖ во првото коло од Лигата на
шампионите, а освен што „Кралевите“ загубија убедливо со 3-0, дури не успеаа да
упатата шут во рамките на голот на францускиот првак, што го вклучи алармот за
тревога.
Во текот на
вчерашниот ден тренираа само оние кои немаа учество во мечот кај ПСЖ,
вклучително и оние кои се во фаза на рехабилитација од повреда.
„Мундо Депортиво“
истовремено известува дека веќе на големо се дискутира околу статусот на Зидан
на клупата на Реал Мадрид, се наведува дека клубот уште сега размислува за
негов иден наследник, а се споменува поранешниот фудбалер на таа екипа, Чаби
Алонсо.