Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Касемиро открива дека цела кариера погрешно му го изговараме презимето, виновна е една грешка на Сао Пуало и тоа што Бразилецот е суеверен.
Касемиро во 2013 пристигна на мала врата во Реал, првично на позајмица во резервниот тим на „кралевите“, кои тогаш играа во втора лига.
Но Бразилецот во Мадрид се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци од средниот ред, а по речиси една деценија во белиот дрес, направи трансфер во Манчестер јунајтед вреден околу 70 милиони фунти.
Во разговор со Ла Република, тој сега открива дека цела кариера погрешно му го изговараме презимето.
Виновна за ова е една грешка на Сао Пауло, и тоа што фудбалерот е суеверен.
„Сите ќе ме паметат како Касемиро… за ова виновни се во Сао Пауло. Се започна кога го играв еден од првите мечеви за Сао Пауло, клубот во чија академија израснав. Тие ненамерно го напишаа моето презиме со „Е“ на дресот“ – раскажува Бразилецот, иако неговото вистинско име е Карлос Енрике Жозе Франсиско Венансио Касимиро.
„Но одиграв навистина добро на тој натпревар, и сум прилично суеверен, па им кажав на луѓето од клубот, „Нема потреба да го менувате – ми тргна добро“. Беше грешка за еден натпревар, но сега ќе го носам тоа презиме засекогаш“.
ФОТО: X/Manchester United