Цел тим на Јувентус на вечера во ресторанот на Бонучи, познато кој ја платил сметката

by bojan
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус, па дури и Гати на патерици, синоќа биле на вечера во ресторанот на Бонучи, се креира добра атмосфера за да се финишира сезоната со топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони.

По тешките порази од Аталанта и Фиорентина, Јувентус реши да му даде отказ на Тијаго Мота и да го постави Игор Тудор за нов предводник на тимот.

Тренерската рокада ја „раздрма“ соблекувалната и очигледно за кратко време драстично се подобри атмосферата.

Доказ за ова е и синоќешната дружба, фудбалерите на Јувентус, па дури и Гати на патерици, биле на вечера во ресторанот на Бонучи.

Бил присутен и Игор Тудор заедно со своите најблиски соработници, и токму Хрватот на крајот ја платил целата сметка.

Целта била сите да се обединат зад една цел, односно да се финишира сезоната со топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани