Неколку извори пишуваат за аматерска грешка на Реал Мадрид која во никој случај не треба да се случи на највисоко ниво, бил направен преглед на десното колено на Килијан Мбапе, а повредено било левото колено.
Килијан Мбапе на почетокот од овој месец замина во Париз на дополнителни прегледи со цел да ја санира повредата на коленото и да биде целосно фит за завршницата од сезоната со Реал Мадрид како и Светското првенство со Франција.
Но денеска се појавија информации (прво во Франција, а потоа и во Шпанија) кои говорат за аматерска грешка на „кралевите“, која во никој случај не треба да се случи на највисоко ниво.
Лекарскиот тим на Реал Мадрид направил преглед на десното колено, а повредено всушност било левото колено.
Со оглед на тоа дека десното колено било здраво, Килијан Мбапе добил дозвола да продолжи да игра, и на тој начин само се влошила ситуацијата со левото колено.
Докторот кој направил пропуст при прегледот, добил отказ.