Арсен Венгер има огромна листа на играчи кои за малку ќе ги купел, од Кристијано Роналдо и Лео Меси па се до Златан Ибрахимовиќ и Пол Погба.
Антоан Гирзман исто така се наоаѓа на списокот фудбалери кои менаџерот на Арсенал ги следел но му избегале за влакно.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид сега ја кажа својата страна на приказната која дава една сосема поинаква слика која сигурно нема да им се допадне на „Топчиите“.
„Скаутот на Арсенал, Жил Гриманди му се јави на мојот агент во 2013 и му кажа дека Венгер е заинтересиран, па јас ги одбив сите останати понуди“ – пишува Гризман.
„Чекав, чекав и продолжив да чекам…. па кога немаше ништо од другата страна, Ерик му се јави на Гриманди, кој ни кажа дека Венгер се уште е заинтересиран за мене, и замоли да ги почекаме уште малку“.
„На неколку часа пред да заврши преодниот рок, ни се јави уште еднаш и не извести дека Арсенал нема да достави понуда. Не ми се допаѓа кога некој ќе ми вети нешто и потоа нема да го исполни тоа“.
„Па кога Арсенал подоцна одново беше заинтересиран за мене, на Ерик му кажав, „Заборави, откако не изиграа минатиот пат, сега нема шанси““.
Тоа лето во Северен Лондон како засилување за нападот стигна Јаја Саного.