„Чекаме ВАР да потврди дека сме шампиони, никогаш не се знае…“ – Менди во свој стил ја прослави титулата (ФОТО)

by
1 минути читање

Бенжамин Менди пристигна како големо засилување за Пеп Гвардиола од Монако, но повредите го спречија да покаже што умее. Тој често е во центарот на вниманието поради активностите на социјалните мрежи а таква е ситуацијата и денеска.

Левиот бек беше еден од првите кои се огласи на Твитер по победата над Брајтон, и потсети на болната елиминација во Лигата на шампионите, кога радоста беше прекината од страна на ВАР.

„Изгледа ја одбранивме титулата (чекаме ВАР да потврди, никогаш не се знае…)“ – напиша Французинот и постираше слика на која судијаа гледа ви ВАР мониторот како фудбалерите на Манчестер Сити слават.

Потоа следуавше нов пост кој гласеше: „Даааааааааааа, ние сме еб*ни шампиони!!! Горд сум што сум мал дел од овој голем тим. Неверојатно постигнување, честитки моммци“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×