Светот во моментов е стопиран поради коронавирусот, има проблеми во сите сектори, па не е исклучен ниту спортот. Засега никој не знае кога и дали воопшто ќе продолжи сезоната иако постојано се поставуваат некои датуми за старт.
„Во овој драматичен момент најважно е здравјето на луѓето и да излеземе од оваа криза“, вели Чеферин за „Ла Република“.
„Не знаеме кога пандемијата ќе заврши, но имаме план А, Б па дури и Ц. Во контакт сме со лигите, со клубовите, има работни групи. Треба да почекаме како во секој сектор“.
„Би можеле да стартуваме во средината на мај, во средината на јуни или на крајот на јуни. Ако не успееме во тоа, сезоната веројатно е загубена“.
„Ќе видиме кои се најдобрите решенија за различни лиги и клубови“.
„Тешко е да се замисли дека сите натпревари би биле без публика, но сега не знаеме дури ни дали воопшто ќе продолжиме со или без гледачи“.
„Доколку нема други алтернативи, мислам дека е добро да ги прогласиме шампионите“.