Претседателот на
УЕФА, Александер Чеферин инсистира на тоа дека европскиот фудбал треба добро да
сочека и целосно да се анализира ситуацијата за да се увиди можниот период кога
би требало да се продолжи сезоната.
Чеферин смета
дека е мошне рано за кревање бело знаме, повикува на трпение, а тврди дека од
европската куќа на фудбалот постојано се разгледуваат повеќе опции за тоа кога
би требало да продолжи сезоната, но не крие дека играњето нешто подоцна како
септември ќе претставува голем проблем.
„Многу е рано да
кажеме дека не можеме да ја комплетираме сезоната, импактот може да биде
огромен, мораме да ги почитуваме одлуките на властите и да сочекаме додека
имаме можност за такво нешто“ вели Чеферин.
„Ние разгледуваме
повеќе опции, секогаш базирани на датуми за продолжување на сезоната, ќе биде
тешко во случај да мора да се игра во септември и октомври за да се комплетира
сезоната, тоа ќе значи дополнителни тешкотии за календарот предвиден за идната
сезона“ додава тој.
Изјавата на Чеферин доаѓа по се’ зачестените тврдења кај дел од јавноста дека сезоната во првенствата треба да биде прекината поради кризата со коронавирусот, меѓутоа Словенецот смета дека мошне е рано за такво нешто, па остава простор да се увиди ситуацијата како ќе тече во продолжение.