Чеферин е против ВАР во ЛШ: Има многу нејаснотии, сите видовме што и се случи на Србија против Швајцарија

by
1 минути читање

Популарниот ВАР
минатата сезона се употребуваше во Италија и Германија, а изминатово лето
дебитираше и на Светското првенство. Видео технологијата оваа сезона пристигна
и во Шпанија и Франција, а има најави дека наскоро ќе се применува и во Лигата
на шампионите.

Сепак, првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин ги демантира ваквите стории и вели дека се уште не
разговарале на оваа тема.

„Не знам од каде
се појавија овие информации за ВАР во Лигата на шампионите, се уште не сме
разговарале на оваа тема. Јас лично не сум убеден од ВАР, многу работи не се
јасни, кој одлучува да се прегледува со ВАР, видео судијата и главниот судија?
Луѓето не разбираат, дури ниту новинарите не знаат како функционира системот,
кои работи судиите треба да ги прегледуваат а кои не?“
– вели претседателот на
европската куќа на фудбалот.

„Сепак, свесни
сме дека ќе биде нопходно да го употребуваме ВАР,  но само кога ќе бидеме подготвени. Исто така,
Лигата на шампионите не е турнирско натпреварување, туку се игра подолг период
низ цела Европа па треба да се разгледаат многу аспекти. Видовме во Русија дека
имаше многу ситуации кога помошниците не правеа ништо, само чекаа што ќе им
кажат од ВАР собата. Погледнете го случајот на Србија, не им беше досуден чист
пенал против Швајцарија додека на други натпревари се покажуваше на белата
точка за многу помалку“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×