Чеде Јаневски пикираше за мечот со Розенборг, со мини промени во дефанзивата, по бодови во Трондхајм

by
2 минути читање

Екипата на Вардар вечерва (19,00) ќе се обиде да го
поправи впечатокот од првото коло во Лига Европа по убедливиот пораз пред
својата публика од руски Зенит со 0-5.

Вардарци гостуваат во Норвешка кај Розенборг, а веќе
имаме можност и да ги проследиме почетните состави на обете екипи.

Од тоа што можеме да го видиме, на левата бековска
позиција се враќа Бесир Демири, претходно на тоа место играше Брдаровски, а по
неговата повреда во мечот против тимот од Санкт Петерзбург, прилика за настап
доби Глишиќ, а Демири остана на клупата за резервни фудбалери.

На листата на повредени во пресрет на вечерашната
пресметка се најде и стандардниот дефанзивец Дарко Велковски, па неговото место
на таа позиција ќе го замени Висар Муслиу.


Вардар: Гачевски, Муслиу, Грнчаров, Џигаури, Блажевски,
Барсегјан, Глигоров, Хамбарџумјан, Демири и Фелипе
.

Формациската поставеност на
црвено-црните е иста, во нападот како и претходно (4-2-3-1), а голови ќе се
очекуваат од најистурениот во офанзивната линија, Тигран Барсегјан. 

Мечот во Трондхајм на „Леркендал“ арената го суди бугарскиот арбитар Георги
Кокалов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани