387
Чеде Јаневски минатата сезона беше тренер на Енозис, но соработката беше прекината откако прекина и сезоната поради пандемијата на коронавирус.
Сега се пишува дека Јаневски се враќа на Кипар и ќе биде нов тренер на Олимпијакос кој поради лошите резултати му врачи отказ на својот досегашен тренер.
Наводно Јаневски и Олимпијакос веќе си подале рака и остануваат само да се средат формалностите за тој да биде презентиран како нов тренер на тимот.
Откако ќе пристигне во Кипар, Јаневски треба да помине и десет дена во карантин, но тоа нема да биде пречка за договор.
Ова ќе биде четврти тренерски ангажман на Јаневски во Кипар, претходно двапати беше тренер на Енозис и еднаш на Етникос Ахна.