Чави Симонс привлече големо внимание откако имаше нова енигматична објава на социјалните мрежи, Холанѓанецот и понатаму чека абер за неговата иднина.
Чави Симонс ова лето се поврзува со неколку клубови, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен пројавија сериозен интерес.
Но ПСЖ бара многу пари за негова продажба, па преговорите тапкаат во место, и се шпекулира дека РБ Лајпциг може да го искористи ова за да го донесе Холанѓанецот на нова позајмица.
И додека чека абер за неговата иднина, Чави Симонс првлече внимание со нова енигматична објава на социјалните мрежи.
« Toutes les portes fermées ne sont pas verrouillées. Pousse. »
— PSG COMMUNITY (@psgcommunity_) July 27, 2024
Tu fatigues tout le monde et ça en devient gênant Xavi… pic.twitter.com/vvusq64NRd
„Не секоја затворена врата е заклучена. Туркај“ – гласеше постот.
Па многумина се прашуваат што сака да каже Чави Симонс со ова? Дали опцијата за трансфер во Баерн Минхен и понатаму е актуелна, или пак можеби Холанѓанецот најавува враќање во ПСЖ?