Неколку извори објавија дека Чави Симонс си подал рака со Баерн Минхен, сега треба „баварците“ да пронајдат заеднички јазик со ПСЖ за начинот на кој ќе се реализира зделката.
Чави Симонс имаше одлична сезона на позајмица во РБ Лајпциг, па го привлече вниманието на неколку клубови.
Последните информации велат дека Баерн Минхен си подал рака со агентите на Холанѓанецот. Двете страни се договориле за годишна бруто плата од 6 милиони евра, која со бонуси може да се искачи на 10-12 милиони евра.
„Баварците“ сега треба да пронајдат заеднички јазик со ПСЖ за начинот на кој ќе се реализира зделката.
Се верува дека Чави Симонс нема желба да се врати на „Паркот на принцовите“ и покрај тоа што „светците“ сакаат да му дадат поголема шанса во првиот тим.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.