Чави: Сакам да бидам тренер на Барселона, но…

by
2 минути читање

Барселона е во
потрага на нов тренер откако Луис Енрике соопшти дека нема да го продолжи
договорот и по крајот на сезоната ќе замине.

Шампионот на
Шпанија се поврзува со голем број имиња, а како кандидат се споменува и
легендата Чави.

Во разговор со Ла
Парисиен, Чави признава дека посакува да седне на тренерското столче на Камп Ноу,
но вели дека е невозможно да го наследи Луис Енрике.

„Да станам тренер
на Барселона ми е сон

вели Чави. „И работам на тоа сонот да стане јаве. Работам на тоа да ги добијам
потребните лиценци
.

„Исто така, треба
да научам многу работи за да можам да се справам во соблекувалната со 25
играчи, тренерскиот персонал и медицинскиот персонал
.

Запрашан за
можноста да го наследи Луис Енрике на крајот од сезоната, Чави додава: „Невозможно
е да го заменам Енрике. Не сум ги положил испитите
.

„Се уште се
гледам себеси како фудбалер а не како тренер. Следната сезона ќе бида мојата
последна како играч
.

„Потоа ќе видиме
што ќе се случи
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани