Адис Јаховиќ го
однесе Гезтепе во турската Суперлига, во друштво на најсилните екипи од
тамошниот фудбалски шампионат, нашиот напаѓач на големо се подготвува пред
големиот предизвик кој почнува идниот месец.
Во вчерашната
контролка која требаше да се одигра завчера но беше одложена, нашиот напаѓач постигна
два гола против катарски Ал Сад..
Гозтепе прв
поведе, но Ал Сад направи пресврт, токму Јаховиќ со два гола во серија, од кои
првиот од пенал, повторно го врати Гезтепе во водство, но катарците израмнија во
самата завршница од пријателскиот натпревар.
Во спротивниот табор, од првата минута за Ал Сад на контролниот меч стартуваше и легендата на шпанскиот фудбал, Чави Ернандез. По мечот, следеше и заедничка фотографија на Јаховиќ со екс фудбалерот на Барселона.
Стартот на
турската Суперлига е предвиден да биде идниот месец, за Јаховиќ следи нова
голема прилика за докажување, а прв дуел е пресметката со гигантот Фенербахче,
старт повеќе од посакуван за нашиот фудбалер.