„Чао Бака“ – Милан го продава Колумбиецот и носи нов екстра голгетер

by
1 минути читање

Тутоспорт
пренесува дека лидерите на Милан полека го губат трпението со Карлос Бака,
напаѓачот не го дава придонесот кој сите го очекуваат, а и не е во најдобар однос
со тренерот Винченцо Монтела.

Па затоа по
крајот на сезоната Колумбиецот ќе биде продаден и „Росонерите“ ќе ангажираат
нов екстра голгетер.

Весникот пишува
дека новиот спортски директор на Милан, Масимо Мирабели го има идентификувано
Пјер Емери Обамејанг од Борусија Дортмунд како прв пик.

Но веројатно
репрезентативецот на Габон ќе остане само сон, проблем е превисоката цена од
100 милиони евра, како и тоа што Милан не може да му понуди настап во Лигата на
Шампионите.

Во Милан се
свесни дека зделката ќе биде тешка, па на листата со желби има неколку алтернативи
како Алваро Мората од Реал Мадрид, Алексис Санчез од Арсенал, Серхио Агуеро од
Манчестер Сити и Александре Лаказет од Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани