Македонскиот шампион Шкендија во второто коло на Конференциската лига на УЕФА ќе игра против Шелбурн.
Тетовчани првпат ќе заиграат натпревар од главна фаза на едно европско натпреварување на домашно тло, а пред натпреварот своите очекувања ги изнесе еден од лидерите на тимот Клинсман Цаке.
„Ова е историски момент за Шкеднија и со нетрпение го чекаме. Очекуваме голема поддршка од трибините. Досега покажавме дека во Европа играме добро, имаме солидни резултати и одиме кон трите бода. Повикот во репрезентацијата на Албанија ми е мотив плус, бидејќи до тоа дојдов со одличните игри за Шкендија, па сакам да продолжам да играм добро“, изјави Цаке.
Натпреварот на „Тодор Проески“ меѓу тетовчани и ирскиот ривал се игра в четврток во 18:45 часот.