Чаби Алонсо пројавил интерес за Арда Ѓулер, добил дрзок одговор: Слободно кажете му го тоа…

by bojan
1 минути читање
Арда Ѓулер

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чаби Алонсо се обидел да го донесе Арда Ѓулер во Баер Леверкузен, но младиот Турчин порачал дека не размислува за заминување од Реал Мадрид.

Арда Ѓулер во завршниот дел од минатата сезона, како и на Европското првенство, покажа дека располага со раскошен талент, па неколку клубови тропнаа на неговата врата.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чаби Алонсо стапил во контакт и се распрашувал за позајмица на младиот Турчин во Баер Леверкузен.

Сепак, добил само дрзок одговор: „Останувам во Реал Мадрид, слободно кажете му го тоа на секој што ќе праша за мене“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани