Баер Леверкузен испиша историја оваа сезона, сруши еден куп рекорди но тоа не е доовлно за сите играчи да сакаат да останат во клубот.
Чаби Алонсо одлично ги склопи коцките во Баер Леверкузен, па „фармацевтите“ имаа сезона за паметење.
Не само што го симнаа од тронот моќниот Баерн Минхен во Бундеслигата, доминираат и во Европа, а сезоната можат да ја завршат без пораз и со тројна круна, ќе играат и финале во Купот на Германија.
Но и покрај тоа што срушија еден куп рекорди и испишаа историја, ова не е доволно за сите играчи да сакаат да останат во клубот.
Како што пишува Билд, Џереми Фримпонг е првата увезда која Чаби Алонсо ќе ја загуби. Десниот бек, кој има откупна клаузула од 40 милиони евра, одлучил дека сака нова авантура.
За неговите услуги интересот е голем, Џереми Фимпонг е во бележникот на Баерн Минхен, Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Сити и Реал Мадрид.