Шкендија ќе се судри со ФЦСБ во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Во пресрет на двомечот ќе се одржи и ждрепката за третото квалификациско коло во елитното натпреварување, но и останатите две.
Во Лигата на шампионите при евентуално изненадување и победа Шкендија ќе биде неносител во ждрепката, а на спротивната страна се наоѓаат тимови како Црвена Звезда, Слован Братислава, Копенхаген, Карабах…

Доколку не го мине второто коло во Лигата на шампионите, македонскиот првак се сели во Лигата на Европа. Таму исто така Шкендија би била неносител, а ривалите би биле поразените од двомеч дуелите на потенцијалните противници во елитното натпреварување, плус поразените од дуелите меѓу Ријека и Лудогорец, како и РФС со Малме.

Ждрепката в понеделник е закажана точно напладне во 12:00 часот за Лигата на шампионите, а еден час подоцна за Лигата на Европа.