Бутрагењо и Саха од Скопје го најавија Суперкупот на УЕФА

by
1 минути читање

На Арената „Филип Втори“ на 8. август ќе се случи вистински спектакл, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ќе играат натпревар од Суперкупот на УЕФА.

Денеска во Скопје на прес конференција по повод големиот настан беа Емилио Бутрагењо и Луис Саха. 

„Многу сме возбудени што можеме со вас, во оваа држава  да ја споделиме страста за фудбалот. Зборуваме за еден меч кој ќе биде голем, зборуваме за два од најголемите клуба. Манчестер јунајтед е силна екипа и ќе имаме тешка задача, но многу сме задоволни што сме тука“ – вели претставникот на Реал Мадрид, Бутрагењо. 

„Имаме силен тим, ја освоивме Лигата на шампионите и Примера и ќе направиме се за да победиме на Суперкупот. Играчите се навикнати да играат под притисок, очекувањата во нашиот клуб се големи секогаш. Сакаме да продолжуваме да освојуваме, но знаеме дека ќе биде тешко, нашата цел тука ќе биде една, да победиме“. 

Поранешниот напаѓач, Луис Саха беше претставникот на Манчестер јунајтед.

„Би сакал да ги споделам страста и желбата кои Јунајтед ги имаа оваа сезона тоа беше наша одлука која ќе ни помогне и против Реал Мадрид. Чест е да се игра овој дуел и можам да кажам дека играчите се веќе мотивирани за следната сезона“ – вели Луис Саха.

„Реал Мадрид има добри играчи и самодоверба по освојувањето на ЛШ и Примера, видете го Кристијано Роналдо кој секогаш има желба за победа. Тие се фаворити, но и ние имаме шанса и се надеваме дека ќе победиме на овој натпревар. Целта е да се опоравиме и останеме мотивирани“.

Ристе Ѓорѓиевски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани