Бускетс не верува дека сезоната во Примера ќе продолжи

by
1 минути читање

31 годишниот
Серхио Бускетс е еден од клучните фудбалери на Барселона оваа сезона, а
Каталонците моментално се лидери во „Примера“ по 27 одиграни кола со само два
бода предност во однос на големиот ривал Реал Мадрид.

Како и да е,
Бускетс кој сезонава на 23 настапи запиша два гола зад своето име, се сомнева
дека актуелната сезона во Шпанија ќе се комплетира, односно истата ќе продолжи,
со оглед на големата неизвесност со коронавирусот кој силно ја погоди таа
земја.

Тешко дека
сезоната би продолжила, сметам дека тешко би се реализирало тоа
“ вели Бускетс.

Прво, сакав да
видам како ќе се развива ситуацијата, се чини дека го достигнавме врвот, во
очекување сум на добри вести
“ додава тој.

Сметам дека тешко
би било сезоната да продолжи, првично поради патувањата, собирањето на
целокупниот состав, тоа ќе биде голем проблем, ситуацијата е комплицирана

заклучи фудбалерот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×