Бура во Шпанија: Судиите признаа дека го оштетиле Реал Мадрид, Барселона профитирала!

by Стефан
1 минути читање

ВАР сисстемот е една од главните теми откако техничкиот комитет на судии јавно призна сериозни пропусти во функционирањето на ВАР-технологијата.

По направената анализа на 51 натпревар во Ла Лига, констатирани се дури 10 погрешни судиски одлуки.

Во извештајот се наведува дека Атлетико Мадрид и Барселона се меѓу клубовите кои најмногу профитирале од спорните ВАР-интервенции, додека спротивно од тоа, Реал Мадрид бил екипата што најчесто извлекла „подебел крај“ поради судиските грешки.

Ова признание доаѓа во момент кога навивачите на „кралскиот клуб“ алармираат за, според нив, неправедниот критериум во судењето. Новите сознанија само дополнително ќе го разгорат незадоволството и се очекува да предизвикаат нов бран реакции..

Можно е и ова да ти се допаѓа

×