Бура во првите минути на „Вајт Харт Лејн“: Два гола за шест минути, имаше работа и за ВАР (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Бурен почеток имаше натпреварот помеѓу Тотнем и Њукасл во рамките од 20. коло во Премиер лигата.

По само шест минути игра веќе видовме два гола по еден на двете страни. Прв Доменик Соланке го искористи нафрлувањето на Педро Поро и го отвори резултатот во четвртата минута.

Само две минути подоцна Арон Гордон ја погоди мрежата на Остин и ги врати работите како на почетокот. Во оваа ситуација сигурно ќе има и реакции ако Тотнем не победи затоа што на голот на Гордон претходеше игра со рака на Жоелингтон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани