Бура пред репрезентативните натпревари: Јамал ги скара Шпанија и Барселона!

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, со објавувањето на списокот на повикани фудбалери за претстојните натпревари предизвика бурни реакции во Шпанија.

Причина за реакциите кои доаѓаат од таборот на Барселона е Ламин Јамал. Тинејџерот неодамна се врати од повреда поради која пропушти четири натпревари, а се врати минатиот викенд против Сосиедад за потоа одигра и 90 минути против ПСЖ во поразот во Лигата на шампионите.

Но, во Барселона очекуваа Јамал да биде поштеден од обврските за Шпанија, сепак Де Ла Фуенте не мислеше така и остро му возврати на Ханси Флик.

„Ме изненади реакцијата на Флик затоа што и самиот беше селектор и претпоставував дека знае како одат работите. Ме обвинил дека не се грижам за Јамал? Веќе не се сеќавам што кажа и не ми е гајле“, остро возврати Де Ла Фуенте.

Да потсетиме, Флик претходно јавно го нападна селекторот на Шпанија со критика дека не покажува доволна грижа за своите фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×