Бунт во селекцијата на Шпанија, Рамос и Пике се „обединија“ по едно прашање

by
2 минути читање

Националниот тим на Шпанија никако да мирува, овој пат
нов потрес во таа селекција предизвика отказот за тимскиот директор на
репрезентацијата, поточно директорката
Марија Хосе Кларамунт, која беше сменета
од таа позиција новиот претседател на Шпанскиот фудбалски сојуз, Хуан Луис
Лареа.

Кларамунт има голем респект од репрезентативците на
Шпанија, каде посебно има симпатии од Серхио Рамос, Џерард Пике и Серхио
Бускетс.

Марка пишува дека
првиот човек на федерацијата, Хуан Лареа го информирал националниот тим на
Шпанија, на еден доручек пред дуелотсо Лихтенштајн, дека планира да и врачи
отказ на директорката Марија Хосе Кларамунт.

На играчите не
само што не им се допаднал тајмингот на Хуан Лареа, непосредно пред важен меч,
воопшто не им се допаднала ниту идејата за отказ на Марија Хосе Кларамунт.

Најжестоки во
протестите биле Пике, Рамос и Бускетс кој лично разговарале со Хуан Лареа и му
се заканиле дека ќе ја напуштат репрезентацијата доколку директорката замине.

Претседателот на
ФФШ остана доследен на ветувањето и вчера ја разреши Мариа Хосе Кларамунт, па
сега останува да се види дали и играчите ќе ја исполнат заканата.

Марка додава дека
односите помеѓу Хуан Лареа и тимот се затегнати повеќе од еден месец, првиот
човек на федерацијата не смее да влезе во соблекувалната, а изостана и честитка
за пласманот на мундијалот како и 100. настап на Серхио Бускетс во дресот на
„Црвената фурија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани